Блог

Назад кон Блог 07/12/2017

Што предизвикува пожар во домот?

Колку и да ти звучи нелогично, голем број на пожари во домот се случуваат токму кога времето е поладно.
Затоа денес споделуваме најчести причинители на пожар домоа.

Во кујната

Шпоретите се најчест причинител на пожар во домот и затоа екстра внимание во готвењето е важно.
На што треба да внимаваш:

  • Редовно чисти ги масните наслаги на шпоретот.
  • Провери дали се исправни кујнските апарати и штекерите.
  • Внимавај кујнските крпи или други платнени предмети да бидат подалеку од грејните тела.

Во дневната и спалната

Отворен оган од свеќи или недоизгаснати отпушоци од цигари, неисправна инсталација, оштетени кабли, неисправни електрични апарати или греалки се најчест предизвикувач на пожар во дневната и спалната соба
На што треба да внимаваш:

  • Провери ги продолжителните кабли, бушони и штекери.
  • Редовно прави проверка на електричните апарати
  • Внимавај грејните тела да не се блиску до пердиња алишта или кебиња.
  • Правилно користи ги електичните кебиња.
  • Внимателно користи свеќи или маслени ароматизери кои горат.
  • Не оставај запален оган или греалка пред да заспиеш или кога ќе излезеш од дома.
  • Ако веќе пушиш дома внимавај отпушоците да се изгаснати до крај.

Во бањата и оставата

Еден од најчестите предизвикувачи на пожар се машините за сушење алишта. Многу е важно нивното правилно користење и редовно чистење на филтерот.

Едукација

За избегнување на пожари или барем намалување на последиците доколку се случат, важна е соодветната едукација.

Затоа треба децата да се учат правилно да се однесуваат со запаливи материи, односно да избегнуваат кибрити и запалки. Полезно е да знаат како треба да се однеуваат во случај на пожар: Избегнување да се вдиши чадот со држење на главата пониско, односно поблиску до подот и брзо барање на излез.

Превенција

Имањето на детектор за чад се покажало како добра одлука во многу семејства за избегнување на поголеми катастрофи, особено зашто чадот не се чувствува кога се спие.
Противпожарен апарат и кебе за гаснење пожар се две работи кои би ја зголемиле твојата подготвеност во случај на пожар.
И најважно за намалување на последиците, доколку сепак не може да се избегне несреќата, полиса за осигурување на домаќинството која вклучува ризик пожар.