Блог

Назад кон Блог 16/11/2017

Подготви го автомобилот за поладно

Провери си ги гумите

менување на гума

Влажните или подмрзнати патишта се опасни. Осигурај се дека имаш соодветни гуми и провери го притисокот. Пожелно е зимските гуми да се веќе ставени кога температурата ќе падне под 7 степени целзиусови. Доколку живееш во средина кај што паѓа многу снег или планираш често да посетуваш такви места, стави си специјални зимски гуми до подлабоки шари и не заборавај ги синџирите.

 

Провери го маслото

Ладните температури предизвикуваат згуснување на маслото, што може да го намали омасувањето на моторот, а со тоа и да се предизвика штета. Наполнете масло со помала вискозност. Провери ги инструкциите на твојот автомобил за најсоодветниот тип.

 

Исполирај си го автомобилот

Влагата и солта по улиците се корозивна комбинација и ќе ја уништат бојата на автомобилот. Бидејќи бојата ја штити каросеријата, доколку се излупи алуминиумот под неа може да се уништи.
Полирањето на автомобилот е најдобрата заштита што може да му ја понудите на својот автомобил, како заштита од корозија.

 

Смени ги бришачите

контрола за бришачи

Обичните бришачи не можат секогаш да се снајдат со снег и мраз. Замени ги со зимски бришачи за да си осигураш подобра видливост.

Исто така течноста за измивање на шофершајбната нека биде соодветна за зимски услови, таква која лесно не замрзнува.

 

Провери ги каишите

Сигурно нема да му наштети на автомобилот ако го однесеш на стандардна проверка во сервис, особено пред да дојде јака зима.
Осигурај се дека ремените и каишите на твојот автомобил се во добра состојба. Тие стануваат покрути на ладно време и поради тоа се зголемува веројатноста да се скинат.

автомобилски мотор

Додај антифриз

Системот за разладување на автомобилите не е таму само за моторот да не се прегрее, тој исто така штити и од внатрешна корозија. Доколку средството за разладување замрзне, моторот може да се оштети.
Замени ја течноста за разладување со соодветен микс вода и антифриз (50/50).

 

Наполи го резервоарот

Во текот на зимата во резервоарот за гориво може да се наталожи влага и тоа може да го кородира металот од внатре. Доколку оваа влага замрзне, штетата може да биде уште поголема.
Превенирај го ова со тоа што ќе го чуваш резервоарот полн над половина. Горивото ќе ја апсорбира влагата пред да се наталожи.

полнење бензин

Спакувај го следното

Ова се неколку работи кои треба да ги носиш во автомобилот во зима за да бидеш подоготвен за секаква ситуација:
Ракавици
Гребалка за мраз
Лопата за снег
Синџири
Песок за мачки, сол за патишта или обичен песок

И никогаш не ја заборавај твојата осигурителна полиса.