Блог

Назад кон Блог 26/10/2017

7 заблуди во врска со автомобилите

Во ова време на информации кога многу брзо и лесно можеме да дознаеме скоро сè што нè интересира, многу е лесно и да научиме и погрешни работи. Лажните вести се шират дури и побрзо од вистината, па не е лесно да се прави разлика меѓу мит и реалност. Затоа ви споделуваме неколку заблуди во врска со автомобилите кои можеби се прифатени и од страна на некој кој го познавате, и се разбира која е вистината во врска со нив.

Заблуда 1

Колку е побучен ауспухот, толку е појак моторот
Вистина: Не важи во секој случај. Помали мотори може да бидат побучни, а да не се помоќни

Заблуда 2

Кога е намалена течноста за кочење, доколку се дополни, го поправа проблемот.
Вистина: Ниско ниво на течност во кочниците може да значи дека дека кочниците се истрошени или дека течноста истекува.

Заблуда 3

Стартување на вашето возило кога е истрошен акомулаторот, го полни истиот.
Вистина: Може да се потребни и часови возење за да се наполни акомулаторот, доколку е здрав и може да се полни. За секој случај проверете на сервис.

Заблуда 4

Ауспусите се само за намалување на бучавата.
Вистина: Ауспусите ги намалуваат штетните емисии, и овозможуваат помало загадување на околината.

Заблуда 5

Фреонот никогаш не се менува.
Вистина: Фреонот треба да се менува на секои 5 години. Доколку му е намалено нивото, треба да се провери да не истекува.

Заблуда 6

Маслото треба да се менува на секои 5000 километри
Вистина: Зависи. Проверете во инструкциите за вашиот автомобил и препораките на произведувачот.

Заблуда 7

Треба да ги правиш сервисите кај дилерот од кој си го набавил автомобилот за да ти важи гаранцијата. одржуваш
Вистина: Овластен автосервис може да ги врши сервисите и да не ти биде загрозена гаранцијата.

Ние уште ви препорачуваме редовни сервиси и здраво осигурување, кое ќе ве заштити и кога сè правите како што треба.