Блог

Назад кон Блог 17/10/2017

„Раздвижи го срцето“ – добротворна трка

По добивањето на нашата награда за општествена одговорност ова лето, не заборавивме да продолжиме со  активности кои ќе го зајакнат духот на солидарноста и ќе ја зацврстат свеста за одговорност кај вработените.

Oвој пат тоа го направивме на еден од најголемите празници на нашата земја – 11 октомври, со организирање на добротворна трка „Раздвижи го срцето“.

На трката која се одвиваше по скалите на нашата зграда, натпреварувачите вистински ги раздвижија своите срца и физички и емоционално. Тие се бореја за најдобро време со што можеа да освојат признание за себе и награда за добротворната цел кои сами ја избраа.

Почетниот фонд за наградите го обезбеди Осигурување Македонија, со дополнителен фонд се приклучи Винер лајф, а во трката директно земаа учество и претставници од Стар-ДТ и Тренд МР. Голем дел од наши вработени уште повеќе го збогатија фондот со свои донации што придонесе наградите, а со тоа и добротворниот прилог да бидат стварно од корист на оние кои ги добија.

Паричната награда која ја освоија победниците доброволно ја доделуваат на одредена добротворна организација, институција, личност на која и е потребна помош или кауза. Секој од 23 учесници си имаше свој избор кој беше испечатен на неговиот грб додека трчаше, така што навивачите можеа да навиваат и за каузата која ја сметаат за најблиска до нивните убедувања.

Трката помина во позитивен натпреварувачки дух. Сите се бодреа меѓусебно и духот на солидарноста се мешаше со адреналинот. Во продолжение се добитниците и нивниот избор за кого ќе биде наменет добротворниот прилог од наградата.

Женска трка

  1. Дијана Симјановска (01:32) –  Цедуз , Центар за едукација, Скопје
  2. Даниела Тодосова – Јевтиќ  (01:40) –  ИДНИНА, Училиште за лица со попречености, Скопје
  3. Татјана Димов (02:10) – Организација жени Тафталиџе 2
  4. Анита Мешкова (02.25) – ПОРАКА, Центар за лица со попречености, Скопје
  5. Снежана Комненовиќ и Кристина Сипковска (02.28) –  ИДНИНА, Училиште за лица со попречености, Скопје

Машка трка

  1. Глигорчо Алексов (01:07) – СОС Детско село, Скопје
  2. Велко Димишкоски (01:13) – ПОРАКА, Центар за лица со попречености, Скопје
  3. Филип Мешков (01:15) –  Маца Овчарова, Училиште за лица со попречености Велес
  4. Васо Димитриоски (01:18) – ОУ.Климент Охридски, посебни паралелки, Прилеп
  5. Bernd Achatz (01.24) – Цедуз , Центар за едукација, Скопје

Покрај наградените се придружија и останати донатори кои потпомогнаа останати проекти и организации, а други се придружија со свој прилог на веќе наведените.

  • Цедуз, Центар за едукација, Скопје – Бранислава Булукова, Винер лајф
  • СОС Детско село, Скопје – Марјанчо Ристевски
  • Маца Овчарова, Училиште за лица со попречености Велес – Драги Крстевски
  • ОУ.Климент Охридски, посебни паралелки, Прилеп – Сашо Јаковоски
  • Дом за доенчиња и мали деца, Битола – Даниела Козарова
  • Проект Јавни тоалети за инвалидизирани лица – Борис Алексовски (Тренд-МР)
  • Дог Хелп Интернационал, Скопје – Александар Петковски

Во наредниот период ќе се доделуваат средствата поединечно, со учество на наградените.

Ветуваме дека ваквите наши потфати ќе ги има сè почесто и се надеваме дека ќе разбудат нова надеж и чувство за одговорност кај што е можно повеќе луѓе. Затоа ја шириме нашата порака до сите, да го раздвижат своето срце и индивидуално да бидат одговорни за подобрувањето на нашето заедничко општество.

Подолу имате дел од атмосферата, а доколку сакате да видите повеќе слики разгледајте го и целиот албум.