Блог

Назад кон Блог 18/08/2017

Спомени од детскиот камп на ВИГ 2017

Околу 500 деца на вработени во ВИГ, од 22 различни нации, се простија од Австрија и отпатуваа назад во своите земји, откако поминаа две недели исполнети со забава.
Младите имаа на избор четири кампови: “Градскиот камп” во Штреберсдорф во близината на Виена, “Селскиот камп” во Ваграин во Салцбург, “Планинскиот камп” во Бад Гојзерн во Горна Австрија и “Езерскиот камп” во Зеебоден во Корушка. Во секој камп беше понудена возбудлива и разновидна програма, кој вклучуваше спорт, игри, разгледување на места и многу други работи.

Еден од врвните настани беше работилницата за фотографија на Лоис Ламерхубер на тема “Мир”. Фотографиите сликани од децата конкурираа за Наградата за фотографија Алфред Фрид. За прв пат, оваа Награда вклучуваше посебна категорија за деца под 14 години. Паричната награда е во износ од 1.000 евра.
Сите известувања и слики од Детскиот камп на ВИГ 2017 г. можете да ги најдете на http://www.wst-versicherungsverein.at/en/vig-kids-camp/ и на блогот на Детскиот камп на ВИГ http://www.vigkidscamp.com

Ги прашавме нашите колеги Билјана Божиноска, Надица Хаџи-Василева, Татјана Ансарова-Јовановска, Елизабета Малиновска, Маргарета Поповска-Гошева, Кристина Сипковска и Вера Ангелоска-Здравковска,чии деца оваа годна беа во Виена, да ни пренесат дел од нивните впечатоци или да споделат нешто интерсно од патувањето. Еве дел од импресиите на тие што ги најдовме во време на одмори:
„Мене, најмногу ми остави впечаток Пратер, возењето на тркалото. Организацијата беше супер, наставничката Славица беше дури и премногу добра, голем поздрав до неа.
Убаво е секое дете да оди во овој камп каде со дружење ќе научи повеќе и да почувствува како да се грижи сам за се, и да му фалат мама, тато и браќата. Убаво ми е што купував подароци, да изненадам. Само ми беше жал кога бевме во старечкиот дом за една баба од Србија, сама, немала никој. Сакам да одам пак во кампот, но ако има место со новите деца, догодина.
Чао, благодарам што ме прашавте“ од Андреј Малиновски.

За синот Венко, Маргарета Поповска–Гошева гордо ни пренесе дека модерирал на германски на претставата која ја одржала групата деца од Македонија при посета на старечки дом.
„Ми беше чест што можев да бидам дел од овој настан и да направам некого радосен“, вели Венко. На ТВ ОРФ каде неколку деца биле поканети да учествуваат на интервју по повод темата и цртежите за мир тој изјавил: „Тие што сакаат да започнат војна најпрво да ја осетат болката на војната“.

Издвојуваме и успешен исход од натпреварот за фотографија. Билјана Божиновска доби ваква порака од наставничката Славица за успехот на ќерката: „Само накратко да ве известам дека од 450 деца и 1200 фотографии се избраа 38 најдобри од страна на организацијата која го организира светскиот натпревар за најдобра фотографија. Помеѓу тие 38 е и фотографијата на Мила која ќе не претставува во светски рамки. Посакуваме на Мила многу среќа.“

Надица ни испрати фотографии од водениот парк кои ја импресионирале нејзината ќерка Жанина и другите дечиња.

Многу поздрави до сите деца кои беа дел од кампот.